Пред да се тргне на патот кон проучување и осознавање на зенот, планините и реките се само планини и реки. Колку повеќе се навлегува во зен философијата, се доаѓа до сознанието дека реките и планините не се само реки и планини. А по просветлувањето се осознава дека реките и планините се само реки и планини.
Користејќи ја оваа симболика, Брус Ли ќе каже: „Пред да го проучувам таоизмот и зен будизмот, ударот со нога или рака беше само обичен удар. Во процесот на надградувње на своето знаење и мудрост, сфатив дека ударот не е само удар, за на крајот да сфатам дека тоа е само обичен удар со нога или рака.“
Наравоучение: Од простото до едноставното се стигнува по сложен пат, чунки просто и едноставно не е исто.
извор на текст: Keni Lee Burgess
толкување на текст и наравоучение: Дана Сињан
кавер фотографија: Елена Ставреска