Во едни дамнешни времиња си живеел крилест коњ кој бил главен миленик на владетелот. Обожуван, разгален и предаден на сопствената ароганција, крилестиот коњ пробал насилно да влезе во змејовиот дворец туркајќи ја желката стражар пред портите. Владетелот многу се налутил и решил да му ги одземе крилјата и под казна да го прати на осамување на далечната планина Кунлун.

После многу векови поминати во тага, очај и покајание, еден селанец го здогледал осамениот коњ и го ослободил од прангите на планината. Така коњот, неизмерно багодарен на човечката добрина, започнува да му го олеснува товарот на човештвото. Со неговата издржливост и трудољубивост заслужено ќе го добие седмото место во кругот на кинескиот зодијак.

Коњот ја симболизира брзината, слободата, независноста, но исто така и носењето на товарот. Родените во знакот на коњот ги краси енергичен темперамент, друштвеност, хуманост, но и тврдоглвост и нетрпеливост. Оваа година ќе биде година на огнениот коњ, во која може да се очекуваат брзи и непредвидливи промени во сите сфери на општествениот живот.

Општите препораки се да успориме кога најмногу ни се брза, да ги контролираме страстите и имплусливните реакции. Да се брои до 100 пред да се пресече.

Среќна нова година на Огнениот Коњ!

 

@feilongtaichi

Taiji in Skopje #fyp #viral_video #macedonia #skopje #taijiquan #taiji #winteroutfit

♬ snowfall – Øneheart & reidenshi

 

избор на приказна: Дана Сиљан
фотографија: Erkut2 (Pixabay profile: erkut2-5863493)
видео: Елена Ставреска
таи чи чуан презентација: Дана Сиљан

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *