Зен Вештина

Бил Џи – форма на испружени прсти

Бил Џи (Bill Jee) е последната од трите форми со празни раце во винг чунот и во буквален превод значи форма на испружени прсти. Формата е позната по својата ефективност за најбрзо совладување на противникот преку удари со прсти и лакти кои се задаваат во неговите телесни витални енергетски точки.
Имено, со редовно вежбање на формата Бил Џи, практикантот ја унапредува својата животна енергетска снага позната како Чи, се стекнува со изострен осет за удар од блиска дистанца, ја подобрува целокупната рамнотежа и телесна координација. Токму поради ова била чувана во тајност меѓу мајсторите и била пренесувана исклучиво на најверните и најдостојните ученици.

 

текст: Предраг Петрески
фотографија: Елена Ставреска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *