Имавме едно време низ дома еден Мишко, мачор по професија – сив, голем, многу личен, ич го нејќев. Див, своеглав, безобразен, нападен, све по негово да биде и ај шо јадеше како пешадиска дивизија, него цел ден дивљаше по сите дома да му даат да јаде нешто, божем еден век ништо не каснал.
Гомнар, класичен.
Толку ме нервираше, што на крај решив дека морам да го убијам.
Решив да го убијам така што одеднаш ќе му дадам да јаде толку многу, за на крај да мора да пукне од прејаденост и да ме остаи на раат еднаш заувек. Отидов у онаа рибарницана карши пазарче, купив 4 риби, жива мера кило и кусур, закључив дека се доволни за да умре гадот од лакомост, ги донесов дома, му ги дадов сите одеднаш, отидов си сварив кафе и седнав да глеам како ќе загине бештијата.
Да ви кажам, она шо глеате по цртани, демек мачката ја изела рибата и останала само глаата со костурот – е чиста превара!
Крокодилов ги јадеше КОМПЛЕТНО, сосе све, каков костур, каков бутур… Темелно ги сотре сите четири риби у континуитет и викам „аха еве сеа си готов мамутиебам“ – он зема се качи на кровот од шупата, си го излижа газот и легна да спие, мртов ладен, као да не е извршен атентат врз него сеа, пред неполни пет минути.
И наеднаш, се истури еден дожд, ама онаков саглам, викам „ууу сеа ќе го скења некој гром“ или така нешто, ама курац. Овој со негодуење го одвлечка шкембето некаде под некоја стреа и го немаше пар саати, додека помина невремето и додека ги свари рибите и после дојде и све си беше пак по старо, исто као да не го убил никој пред тоа.
Никад не сфатив дали можда ќе завршеше работа да имаше уше една риба и дали можда громои маваат само у недужни створења, а не у вуцибатини што држат неофицијален светски рекорд у прејадуење и праење останати неопростиви гревови.
Оваа дилема ќе ме мучи заувек.
Шо ќе праиш, судбина.
текст: Тоше Поп Симонов
(текстот е преземен од Facebook профилот на авторот, во својата оригинална форма, со употреба на жаргонски и експлицитни изрази, за да се зачува автентичноста на изразот)