Зен приказна

Вистинската Нова година

Вистинската Нова година

Нова година се славела во Пролет.

Во далечната 1582 година, папата Григориј 13-ти ја сменил прославата на Нова Година од 1-ви април во 1-ви јануари. Ако си славел на 1 април, те нарекувале будала. И сѐ до денес денес, денот на шегата се нарекуваа April Fool’s day (Априлилили). И во нашата традиција, годината започнувала со летната половина и не случајно се велело „за многаја лета“ („за многу години“).

Сѐ е разбирливо ако одиме по логиката на етимологијата. Септември, од латинскиот збор septa (седум), треба да е 7-ми месец, а не 9-ти. Октомври од octo (осум) треба да е 8-ми месец, а не 10-ти, ноември од novem (девет) трева да е 9-ти, а не 11-ти. Декември од deca (десет) треба да е 10-ти месец, а не 12-ти…

Самиот след на месеците е намерно изместен, да би се прекинал ритамот и синхроницитетот на природата (божественото), според кој точно на пролетната рамноденица (21-ви март), би започнувала Новата Година (Велика Поклада, Велигден). Подоцна е префрлено на 1-ви април, а некаде дури и на 1-ви мај. Единствено во Иран е задржана старата аријска традиција, каде новата година сѐ уште се слави на 21-ви март.

 

текст: Адам Волињец
фотографија: Sunflair (Pixabay profile: sunflair)

Facebook Instagram