Состојки:
130гр исцедена туна цели парчиња
100гр варен наут
100гр варена пченка
50гр рендан гауда кашкавал
1 кисела краставичка исецкана
2 лажички грчки јогурт 2% масленост
Пола главица сецкан црвен кромид
1 лажичка сенф
Бибер
3 тортиљи

Подготовка:
Се ставаат сите состојки во сад и се мешаат.
По вкус може да се додадат и зачини по желба.
Може да се конзумира само како салата или да се направат 3 врапа.
Враповите се потпекуват на загреана тава пред јадење.
Како прилог може сезонска салата.

Еден врап има 410 калории.
Само салатата има 583 калории.

рецепт: Александра Пупкова
фотографии: Александра Пупкова