Според таоистичкиот енергетски концепт, јанг е машката енергија, енергијата на сонцето, светлината, растот и она што е видливо. Јинот е женската енергетска снага и се препознава во 70 проценти од планетата и човечкиот организам, а тоа водата. Јин е темната страна, непознатото, длабочината и месечината.

Не за џабе се вели „Со ладна глава“

Приземјувањето е процес на регулирање на јанг, додека јинот е во релативно стабилен и независен статус. Оттука заклучуваме дека врамнотежувањето на контрастните енергии е регулирање на машката енергија (јанг), и кај мажите и кај жените. Популарно го нарекуваме „ладење на главата“.

Патологијата „Син на мајка“

Аврамските концепти со патријархалната матрица создадоа антиприроден и конфликтен софтвер на енергетската структура на човекот, промоворајќи машки божествен модел во улога на креатор и втелемелен машко женски однос во улога мајка и син, што го гледаме во Богородица со Исус. Релацијата мајка — син се рефлектира во сите машко женски односи. На овој начин се случува најголемото обезвреднување и омаловажување на процесот на зреење кај мажот, што резулитира со целосна деградација на машката енергија, која инаку би требало да симболизира прогрес и раст. Неприземјениот прогрес се претвора во незауздана амбиција да се поседува моќ и власт и фрустрација доколку не се успее во истото. Неврамнотежениот јанг на микро ниво често ќе го препознаеме во семејното насилство, а на макро ниво во светските воени политики.

Женскиот претоварен самар

Жената пак, од друга страна, својата вредност мора да ја докаже на машкиот фронт користејќи ја својата неавтентична машка енергија, доколку сака да си обезбеди гола егзистенција и евентуално да го зачува личниот интегритет. Да не заборавиме дека само една петина од жените добиле рамноправен третман во наследството на семејниот имот. Единствениот дел од женската енергија која е во интерес на општествениот пазар е женската убавина со која капитализмот вешто тргува обезвреднувајќи го здраворазумскиот потенцијал и кај мажите и кај жените.

Приземјувањето е клучот

Јин (женската енергија) е идејата за креација и творештво, а машката (јанг) е акцијата и реализацијата. Свесноста за причинско-последичниот однос е исто така јин. Заклучокот е дека функционалната женска енергетска снага е во дефицит кај двата пола. Приземјувањето е она кон кое треба да тежнее секоја индивидуа. Тоа е процес кој го вклучува себеспонзнанието и интегрирањето на двете контрастни енергии на зрело ниво во својата личност.

Тоа е едниствениот пат кон мирот со себе и со светот.

 

текст: Дана Сиљан
фотографија: Оливер Настески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *