Зен Рецепт

Гел од ленено семе и рузмаринова вода – рецепти за нега на косата

Овој пат, Зен Ординација ви предлага два едноставни рецепти за долга, густа и здрава коса. Рецептите се исклучиво од природни состојки, брзи и лесни за подготовка, а се неверојатно ефикасни.

Првиот рецепт кој ќе го подготвиме е гел од ленено семе. Лененото семе содржи протеини и други хранливи состојки, кои ја одржуваат структурата на влакното, давајќи и цврстина и прекрасен сјај на косата.

За подготовка на овој рецепт се потребни само две состојки: вода и ленено семе. Во мало тенџере или ѓезве, налеваме 300 ml вода, додаваме една преполна супена лажица ленено семе и промешуваме за да се потопат сите зрна. Загреваме на посилен оган, додека смесата не почне да врие. Потоа огнот го намалуваме и продолжуваме со варењето, повремено промешувајќи, додека течноста не се згусне (отприлика 5-7 минути). Ја тргаме смесата од оган и ја оставаме да отстои уште десетина минути, за да се олади, да се сталожи и да добие конзистенција на гел. Го процедуваме гелот во сад за складирање. Може да се користи како маска за коса или пак, како кондиционер. Се складира во фрижидер и трае две до три недели.

 

@feilongtaichi

#hairtreatment #naturalhairtreatment🍃 #naturalhairtreatment #longhair #shinyhair #naturalkeratin #naturalkeratintreatment #naturalkeratintreatmentathome

♬ original sound – Dana Siljan

 

Вториот рецепт кој ќе го подготвиме е рузмаринова вода. Рузмаринот содржи состојки кои го поттикнуваат и забрзуваат растот на косата, ги стимулираат фоликулите на влакната, а ги будат и неактивните фоликули.

И за овој рецепт се потребни само две состојки: вода и рузмарин. Во тенџере на оган налеваме 600 ml вода. Откако ќе почне да врие, во водата ставаме 4-5 гранчиња свеж рузмарин, или пак 3-4 супени лажици сув рузмарин. Огнот го намалуваме и продолжуваме да ја вариме смесата уште 15-тина минути. Го тргаме тенџерето од оган, го поклопуваме и течноста со гранчињата рузмарин ја оставаме да отстои уште 30-40 минути. Течноста ја процедуваме низ цедалка и ја ставаме во шише со прскалка. Се аплицира на коренот на косата, веднаш по миењето, на полу-сува коса. Се остава да делува 5-10 минути и потоа косата може регуларно да се суши со фен. Рузмариновата вода се складира на собна температура и трае една до две недели.

Ефикасноста на овие природни препарати е видлива по првите неколку користења. Се надеваме дека ќе ги подготвите и испробате.

 

Видео и фотографија: Елена Ставреска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *