Зен Вештина

Ѓенѓи Самарџија: За единството на духот и телото – мајсторството на присутноста

Непроценливото чувство дека во моментот го правите токму она што ви е потребно, во соодветната мера… За жал, за повеќето луѓе, ова чувство да се биде освестено присутен, овде и сега, е туѓо и непознато, бидејќи лутаат низ животот неурамнотежени и без волја да го спознаат своето тежиште.

При битисувањето надвор од себе си, отуѓувајќи се од себството во целост, човекот го раздвојува она што во својата природа е неразаделно и претстaвува една целина и единство – умот и телото. Ова најчесто се случува кога се дава посебна важност или привилегија на едното или на другото, на умот или на телото. Најчесто, луѓето имаат тенденција да се развиваат еднострано. Доколку човек се одлучи да се посвети на телото, тогаш го исклучува умот, а кога се бави со умствена работа, тогаш ја запоставува телесната свесност. Истото важи и за духовниот развој, кој пак, најчесто ги исклучува и умот и телото.

Сите три компоненти – духот, умот и телото, потекнуваат од заеднички извор.

Човекот најпрво се напојува од најсуптилините енергетски снаги на своето духовно тело, кое повеќе или помалку е во контакт со примарниот енергетски извор. Потоа, информациите се пренесуваат со останатите енрегетски тела, при што доаѓа до создавање на физичкото тело. Токму затоа и покрај тоа што е материја, телото реагира на сите мисловни процеси и емоционални провокации, кои исто така се енергија, што значи дека телото му верува на умот.

Мислата е секогаш проследена со физичка реакција

На пример, замислите дека пред вас гледате еден, само што расечен на половина, свеж и сочен лимон. Во истиот момент, од самата помсила на неговиот кисел вкус, настапува физичка реакција. Доколку помислиме дека имаме некоја болест и доволно долго ја живееме таа мисла, сигурно дека ќе се разболеме. Ако помислиме дека нешто не можеме да постигнеме или дека некоја цел ни е далечна и недостижна, ние се откажуваме, бидејќи умот го убедува телото да не се активира, а телото не знае колкав му е потенцијалот, додека не почне да дејствува.

На истиот начин можеме позитивно да му влијаеме на телото. Ако мислата е енергија, а фреквенцијата е лесно променлива, тогаш ние ја имаме моќта да ја менуваме сопствената фреквенција и да си обезбедиме сигурен личен прогрес на линијата на единството на умот и телото.

 

 

Ѓенѓи Самарџија е родена во 1951 година во Суботица, а живее и работи во Белград. Иако е дипломиран музичар и неколку години има работено како професор по музичко образование, сепак нејзиниот професионален живот го насочува кон кинеските борбени вештини и алтернативната медицина. Повеќе од три децении се занимава со Таи Чи Чуан и Чи Гонг, носител е на мајсторскиот чин III Дуан од страна на Кинеската Вушу Асоцијација. Има освоено два златни, два сребрени и еден бронзен медал на европските вушу натпреварувања. Таа е основач, претседател и главен учител во клубот Хуа Канг. Професионалното искуство во Таи Чи Чуанот и Чи Гонгот го стекнува кај врвните имиња во оваа област: Wang Zeng Xiang, Yang Jwing Ming – Јанг стил, Dan Docherty – Ву стил, Велемајстор Chen Xiaowang – Чен стил. Посебно образование во областа на Чи Гонгот стекнува кај Mantak Chia и кај Li Junfenga i Li Jing. Покрај овие две вештини, веќе три децении е учител и професионален Јумеихо масажо-терапевт.

 

 

Подготовка и превод: Дана Сиљан

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *