Зен приказна

Јас ќе знам…

Во еден будистички манастир, живеел еден стар учител, кај кого доаѓале многу ученици, кои сакале да го изучуваат будистичкото учење.

Еден ден, учителот решил следбениците да ги стави на тест, велејќи им: „Јас сум веќе стар и не можам да продолжам да се грижам за трошоците на манастирот, тоа ви го препуштам вам. Проблемот е што не ве научив како да заработувате, а сега ќе треба некако да се снајдете за да можеме да ја обезбедиме иднината на ова будистичко училиште. Мој предлог е да одите во градот, да ги следите богатите моќници и додека никој не гледа да пробате да крадете од нивното богатство, за да можеме да го одржиме манастирот.“ Учениците веднаш се побуниле за неморалниот предлог на учителот, а на тоа тој им одговорил: „Во овој случај, тоа е единствено решение за да го продоложите вашето изучување на будизмот. А сега одете и внимавајте некој да не ве види!“ Учениците тргнале, а учителот тргнал веднаш по нив за да ги следи нивните постапки.

Еден ученик не го испочитувал предлогот на учителот и останал во манастирот. Учителот го забележал и го прашал зошто не тргнал заедно со останатите ученици и не ја почитува мисијата за спасување на училиштето. Ученикот одговорил дека не е возможно човек да краде, а притоа да остане невиден од никој, бидејќи секако самиот себеси ќе се види додека краде, а тоа е доволно. Учителот се израдувал, бидејќи тоа бил едниствениот ученик кој ја разбрал лекцијата. Тогаш тој наредил сите останати ученици веднаш да се вратат во манастирот.

Кога се вратиле учениците, тој објаснил дека во животот ќе се сретнеме со ситуации кои ќе нѐ соочат со морален предизвик, но нашата повисока свест секогаш ќе знае кој е вистинскиот пат.

 

избор на приказна: Дана Сиљан

фотографија: Ed Duvico: https://www.pexels.com/photo/a-group-of-monks-walking-on-the-street-6408698/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *