Зен Преглед

Јин и јанг – жена и маж

Во универзалниот приказ на космичката енергетска спротивставена двојност, позната како јин и јанг, најдобро може да се разбере динамиката на машката и на женската енергетска снага. Доминантниот квалитет на секој од нив е зачинет со контрадикторно својство или популарно кажано, јинот е зачинет со јанг и јангот со јин. Така е и на личносно ниво. Но, за да се навлезе подлабоко во суштината на женската и машката природа, најпрво треба да се разбере суштината на својството на двете контрасни енергетски квалитети.

Јин е вода, јанг е оган; јин е жена, јанг е маж

Јинот најдобро може да се претстави преку карактеристиките на водата, која е претставник на женската страна. За водата се смета дека е елемент со огромна потенцијална моќ, која чека да биде ослободена. Нејзина основна боја е црната, а во црната се содржани сите високо концентрирани бои. Оттука, женската енергија ја препознаваме во месечината, морето, ноќта.

Јангот е нејзината спротивставена страна, која ќе ја опишеме преку огнот. Основната боја на елементот оган е црвената и ја носи одговорноста на давање и одржување на топлината. Сонцето е првиот и основен претставник на јангот како машка енергија.

Начинот на кој се поврзани двете контрадикторни енергетски квалитети е динамичен и непрекинат. Водата се намалува на висока температура, а од друга страна, само водата може да го изгасне огнот. За да има рамнотежа неопходна е контролата на енергијата јанг и регулирање на нејзината динамика, како би можело да се одржува енергетското ниво на јин.

Така е и во самите нас и во меѓучовечките односи. Кога јангот е целосно слободен, тогаш лесно доаѓа до прегорување и ескалирање на ситуацијата, што значи секој мора да ја развие својата женска страна, за да би можело да се одржува динамиката со тенденција на врамнотежување. Совршен баланс меѓу јин и јанг не постои, но стремежот кон рамнотежата е она во што се разликуваме едни од други.

 

текст: Дана Сиљан
кавер фотографија: Jben Beach Art: https://www.pexels.com/photo/yin-yang-symbol-on-brown-beach-sand-4747132/
фотографија во текст: Tim Mossholder: https://www.pexels.com/photo/male-and-female-signage-on-wall-1722196/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *