Зен Преглед

Зачетокот на животната енергија

Енергијата Чи се формира уште во почетните фази од развојот на ембрионот, со модерни зборови кажано, програмирајќи го наследството и резервите на животна сила на идниот човек. Веднаш по раѓањето детето се обезбедува со таканаречено хранливо Чи, кое го добива преку дишењето и храната. Меѓусебната поврзаност на двата вида Чи е следна: енергијата Чи во ембрионалната фаза претставува придвижувачка енергетска животна сила, додека постнаталната Чи енергија е енергетски материјал кој обезбедува одржување на животот.

Чи како енергија и животна сила има свои видови и места каде овие видови Чи се локализирани.

– Наследна енергија – енергија која човекот ја добива уште на самиот почеток, додека плодот е сè уште во фаза на формирање. Тоа е животната сила која го условува понатамошниот развој на човекот во определена насока. Овој вид енергија се наоѓа во бубрезите.

– Духовна енергија – енергија која се формира уште во фазата на зачнување, но која веднаш по раѓањето се распоредува во 5 главни органи – црниот дроб, срцето, слезенката, белите дробови и бубрезите. Оваа енергија се добива како резултат на хранливата енергија која организмот ја добива од воздухот и од храната.

– Хранлива енергија – се формира пред раѓањето, уште во утробата на мајката, а почнува да функционира по раѓањето, со добивањето на храна и водух.

– Заштитна енергија – таа е дел од Јанг енергијата која ги формира одбранбените сили на организмот.

– Пореметувачка енергија – патогена енергија која предизвикува разни функционални пореметувања

 

текст: Дана Сиљан
кавер фотографија: Pixabay: https://www.pexels.com/photo/white-and-black-standing-on-top-of-roof-near-another-bird-flying-on-the-air-under-cumulus-clouds-during-daytime-158101/
фотографија во текст: Pixabay: https://www.pexels.com/photo/plasma-ball-illustration-414860/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *