Зен Преглед

Крвта и енергијата Чи

Едно од најчесто поставуваните прашања од страна на практикантите на Таи Чи Чуан е како виталната животна енергија именувана како Чи циркулира низ човечкиот организам и каде таа се наоѓа.

Поимот крв во кинеската медицина е скоро идентичен со поимот крв во запдната медицина. Крвта е една од основните компоненти кои ја одржуваат функцијата и животот на целокупниот организам на човекот. Крвта произлегува од телесните сокови кои се содзаваат од храната која ја обработиле желудникот и слезенката.

Во каноните на кинеската алтернативна медицина има едно важно правило кое гласи: „Средниот греач (троен греач) добива Чи, филтрира сок, го менува, го претвора во црвен и потоа тој сок го нарекуваме крв.“ Од храната се извлекуваат сите оние хранливи материи кои понатаму се преработуват во желудникот и слезенката и на тој начин го создаваат густиот дел од крвта, додека течниот дел од крвта понатаму се создава во средниот греач, се искачува нагоре и помага во функционирањето на енергијата на белите дробови. Според кинеската медицина, на овој начин се добива артериската крв.

Крвта се наоѓа во крвните садови и нејзина главна функција е да ги измива внатрешните органи, мускулите и кожата, или, поконкретно, нејзини задачи се:
– Хранење и влажнење на организмот, тетивите, коските;
– Хранење и на духот на човекот. Ако има доволно крв, духот на човекот е цврст и ги поседува функциите кои му се својствени: изглед (Џи), воља (Ци), мислење (Си), мудрост (Џи), расудување (Љу). Притоа свеста е јасна и човекот чувствува леснотија во своето тело.

Кога нема доволно крв, човекот страда од несоница, засилена тахикардија и нездрава боја на лицето, што најчесто се случува во стресна состојба

Придвижувањето на крвта низ целиот организам се одвива со помош на енергијата Чи, и тоа со Ин Чи, енергијата која се наоѓа во крвните садови, како и со помош на Веј Чи, односно енергијата лоцирана надвор од крвните садови. Во западната медицина поимот крв, придвижувањето на крвта низ организмот и нејзината функција во потполност се поклопува со поимањето на крвта кое го дава кинеската медицина.

Освен придвижувачката функција на срцето и движењето на крвта низ малите крвни садови, низ капиларите, и спречувањето на создавање тромбови, исто така, се остварува по пат на статичко наелектризирување кое е присутно во крвните елементи и во ѕидовите на крвните садови.

Пореметувањето на активноста на било кој орган се рефлектира врз неговата функција. На пример, кај болестите на слезенката се губи контролата на излезот на крвта од крвотокот и се јавува крварење. Пореметувањата, пак, во срцевото функционирање, доведуваат до создавање на тромобови. Во женскиот организам крвта игра и една дополнителна специфична улога, затоа што постои една директна поврзаност со месечниот циклус. За овој аспект, во книгата „Лин Шу” пишува: „Доколку се надокнади потрошената крв, тогаш крвните садови се во добра состојба, односно постои врамнотеженост помеѓу Јин и Јанг.”

 

текст: Дана Сиљан
кавер фотографија: Елена Ставреска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *