Зен Преглед

Есен – време е за нова кожа

Со преминот од лето во есен, доаѓа и до трансформација на енергијата на елементот земја во енергијата на елементот метал. За време на фазата на елементот метал, енергијата почнува да се кондензира и да се повлекува навнатре, со цел да се акумулира, на сличен начин како што се подготвува зимницата. Отпадот се исфрла, а се зачувува само она што е најважно за подготовка на организмот за пасивната фаза на енергијата на водата во зима.

Елементот метал во човечкиот организам ја контролира функцијата на белите дробови, кои ја екстрахираат и ја спроведуваат есенцијалната енергија од воздухот, т.е. го исфрлуваат отпадот од крвта и од дебелото црево. Улогата на дебелото црево е да го елиминира крутиот, цврстиот отпад, а да ја задржува и рециклира водата. Бојата на елементот метал е бела, што всушност, симболизира чистота и есенција.

Есента е годишното време кое го означуваме како период во кој вршиме ретроспекција и внатрешна медитација

На едно симболично ниво, тоа е време кога ја отфрламе старата „кожа”. Евентуалното блокирање на оваа енергија може да предизвика чувство на меланхолија, тага, проблеми со кожата и послаба отпорност на организмот. Грипот, настинките и сите болести на дишните патишта, се вообичаени индикации кои укажуваат на настанато блокирање на енергијата на металот, бидејќи тој е поврзан со функцијата на белите дробови.

 

 

текст: Дана Сиљан
кавер фотографија: Елена Ставреска
фотографија во текст: Андреа Деа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *