Зен приказна

Чашата на болката и езерото на трпението

Во едно далечно село живеел монах, кој бил облеан во тага и мрачни мисли. Во разговор со еден пријател, дознава за еден зен учител, кој живеел далеку од селото и бил прочуен по својата мудрост и бистра мисла. Едно утро одлучил да го пронајде учителот и да ја сподели со него својата мака. Така и се случило. Монахот го поронашол зен учителот, му се доверил за сопствената ментална болка и страдање и побарал совет од него за тоа како да се справи со тегобата и да живее среќен и исполнет живот.

Откако внимателно го ислушал, зен учителот донел една чаша вода и еден цел бокал сол, предлагајќи му на монахот да ја претури целата сол во чашата со вода, а потоа да проба да ја испие. Водата во чашата била пресолена за пиење, па учителот предложил солта да се претури во големото езеро. Монахот тогаш налеал една чаша вода од езерото и кога ја вкусил, солгедал дека не била воопшто солена. Тогаш зен учителот му рекол на монахот “Душевната болка е како солта во чашата – за да се справиме со неа, нашиот ум треба да биде како езерото.”

Колку се поголеми и пошироки нашиот ментален хоризонт и трпението, толку проблемите ќе ни изгледаат помали. Наше е постојано да ги шириме перспективите и да ја негуваме мудроста.

 

избор на приказна: Дана Сиљан
фотографија: Владислав Гавриловски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *