Зен Преглед

Не е лесно да се биде учител

Доколку учителот постојано ги афирмира позитивните аспекти кај ученикот, односно го кажува само тоа што е милозвучно за секој ученик, тогаш ученикот на него ќе гледа со симпатии. А зошто да не, кој не ужива во комплименти?

Доколку пак, учителот укажува на грешките кај ученикот, тогаш ученикот може да се почувствува непријатно. Дали секој ученик е подготвен да се соочи со своите грешки и недостатоци?

Тоа е основната разликата помеѓу клиентот (потрошувачот) и ученикот. Потрошувачот е секогаш во право, а ученикот се труди да разбере дека учителот е добронамерен и сака да му помогне да научи. Понекогаш учителот знае да изврши поголем притисок врз ученикот и да го предизвика, за да ја види неговата реакција, со цел да добие увид за насоката во која треба да го продолжи подучувањето.

Децата немаат друг избор освен да одат на училиште, да соработуваат и да бидат водени од страна на учителите, но возрасните не секогаш знаат да бидат сопствени водачи, дури почесто и немаат сопствен компас. Од таму произлегува поговорката „Ученикот полесно може да најде добар учител, отколку учителот да најде добар ученик.” И самите учители се ученици до крајот на животот. Сѐ е во процес на константна промена.

 

 

текст: Кени Ли Бургес (Keni Lee Burgess) – учител по таи чи чун и чи гонг, професор по гитара
фотографија: Tran Le Tuan: https://www.pexels.com/photo/young-monks-at-school-10031165/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *