Зен Преглед

Зима – заштитете ги бубрезите

Со водата како елемент владее Јин. Таа е елементарна енергија и се поврзува со зимата како годишно време, бидејќи зимата асоцира на мир и на одмор, односно на време кога енергијата се кондензира и се одржува. За водата се смета дека е еден високо концентриран елемент, кој располага со голема потенцијална моќ, која чека да биде ослободена. Кога се работи за поврзаноста на водата како елемент со човечкиот организам, таа ги претставува есенцијалните течности во човечкото тело, како што се крвта, лимфата, коскената срж, хормоните, ензимите итн. Сите тие содржат висок енергетски потенцијал.

Органи кои припаѓаат на елементот вода се: бубрезите, мочниот меур, коските како површински дел и ушите како сетилен орган. Основната емоција на водата како елемент е стравот. Волјата исто така е важен сегмент од елементот вода.

Основната боја на елементот вода е црна. Во црната боја се содржат сите високо концентрирани бои. Водата во природата се губи на висока температура, а во човечкиот организам, освен при покачена температура, таа се губи и во состојба на стрес и во случај на голем емоционален набој. Од тука следува дека енергијата на елементот вода може да го сочуваме доколку го најдеме својот внатрешен мир и сталоженост.

 

текст: Дана Сиљан
фотографија: Елена Ставреска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *