Зен приказна

Кинеска Нова година – година на водниот зајак

Легендата за Нијан

Нијан било подводно чудовиште со рогови и оштри заби кое за време на новогодишните денови изглегувало на површината и ползејќи доаѓало до блиското село и ги напаѓало селаните. Во една таква прилика сите селани го напуштиле селото за да се спасат од Нијан, освен еден старец кој инсистирал да остане иако бил предупреден за опасноста. Старецот се облекол во црвена облека, насекаде закачил црвени знамиња и црвени фенери. За чудо, старецот и селото останале недопрени од подводното чудовиште. Така црвената боја станала заштитен знак на кинеската традиција во одбележувањето на новата година.

 

 

2023 е година на водениот зајак и започнува на 22 Јануари 2023 година, а завршува на 9ти Февруари 2024 година. Зајакот е симбол на надеж, просперитет и долговечност. Доколку сте родени во знакот на зајакот, вие сте вредни, будни, остроумни и фокусирани. Години на зајакот се: 2023, 2011, 1999, 1987, 1975, 1963, 1951, 1939, 1927… За родените во знакот на зајакот оваа година ќе биде вистински предизвик. Среќлии ќе бидат родените во знакот на волот, тигарот и змијата.

Среќна Кинеска Нова Година!

 

 

подготовка: Дана Сиљан

фотографија: Min An: https://www.pexels.com/photo/two-person-standing-near-assorted-color-paper-lanterns-1313814/

векторски цртеж: Image by rawpixel.com on Freepik

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *