Во Зен Ординација ги обожуваме брзите, лесни и здрави рецепти, со мал број на состојки. Токму таков е и овој рецепт за леб од путер од кикиритки. За подготовка се потребни само 5 состојки, а резултатот е превкусен, безглутенски, нискокалоричен, протеински леб.
@feilongtaichi #bread #proteinbread #homebread #peanutbutter#homecooking #proteinfood #skopje #macedonia🇲🇰 #zenordinacija
♬ Give Me the Night (Originally performed by George Benson) – Instrumental Version – StudiOke
Потребни состојки:
– 4 јајца
– 200 g путер од кикиритки
– 1 супена лажица оцет
– 1/2 кафено лажиче сол
– 1 кафено лажиче прашок за печиво
Постапка:
Во длабок сад ги кршиме јајцата, го додаваме путерот од кикиритки, оцетот, солта и прашокот за печиво. Мешаме со жица за матење додека не добиеме глатка и хомогена смеса. Тавчето за леб го намрсуваме со маслиново масло и во него ја истураме смесата. По желба, одозгора може да се наросат семки од тиква, сусам, ореви, ленено семе или други слични зрнести додатоци. Во загреана рерна, печеме околу половина час на температура од 180 степени.
Добар апетит!
Подготовка, видео и фотографија: Елена Ставреска