Зен Преглед

Пролетта и сексуалната енергија

Енергијата на дрвото како елемент му припаѓа на таканаречениот Нов Јанг. Ако водата е Јин, енергија која соодветствува на зимата, тогаш дрвото ѝ припаѓа на пролетта, која следи веднаш по зимата. Ова мора да се разбере во фигуративно значење. Значи, дрвото како елемент произлегува од елементот вода, или поинаку кажано, тоа е процесот кога растенијата растат после пролетните дождови.

Енергијата која ја носи елементот дрво е ведра, експанзивна и експлозивна. Се нарекува уште и креативна енергија, позната како енергија на пролетна грозница, која, меѓу другото, го буди и сексуалниот нагон. Таа се поврзува со силата, полетноста, младоста, растот, развојот и создавањето.

Блокирањето на сексуалната енергија предизвикува бес

Во човечкиот организам енергијата на елементот дрво се поврзува со придвижувањето на мускулатурата и со ткивната активност. Основната боја на овој елемент е зелената, која, всушност, е боја на пролетното растење и затоа основно својство на овој елемент е потребата за слобода и простор за отворен раст. Блокирањето на оваа енергија предизвикува појава на фрустрација, бес и стагнација.

Според теоријата на петте елементи, елементот дрво го опфаќа органскиот пар црн дроб – жолчка. Водата го храни дрвото и го помага неговиот раст, а дрвото помага во создавањето на елементот оган. Оттука, бубрезите, кои му припаѓаат на елементот вода, го поттикнуваат функционирањето на црниот дроб, а тој пак, ја поткрепува работата на срцето, кое му припаѓа на елементот оган.

 

текст: Дана Сиљан

фотографија: Владислав Гавриловски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *