Еден ден зен учителот им раскажал смешна анегдота на своите ученици. Учениците се смееле громогласно. Потоа истата шеговита приказна ја раскажал уште еднаш, но овој пат тие само се поднасмеале. Кога ја раскажал по трет пат, ниту еден ученик не се насмеал.
Зен учителот им се обратил на учениците со една важна животна лекција и рекол: „Исто како што не можеме да се смееме на шегата прераскажана неколку пати, така не треба ни да плачеме и тагуваме за истиот проблем секојдневно.“
избор на приказна: Дана Сиљан
фотографија: Елена Ставреска