Теоријата на петте елементи (Ву Чинг) ни помага подобро да ги разбереме промените во природата и како тие промени влијаат врз нашиот организам, врз нашето здравје и функционирање. Со цел да се предвидат и разберат овие динамички промени, древните кинески доктори ја проучувале природата и природните појави.
На темелот на теоријата на петте елементи, секој елемент го создава и учествува во креирањето на наредниот во креативната низа.
Треба да се има предвид дека секој орган во човечкото тело се одликува со енергетските квалитети на елементот со кој е поврзан. Секој орган е одговорен за давање на енергија на друг орган во низата.
Пример: Бубрезите, кои соодветствуваат со елементот вода, му даваат енергија на црниот дроб, кој соодветствува со елементот дрво. Црниот дроб, кој енергетски одговара на елементот дрво, му дава енергија на срцето, кое, пак, соодветствува со елементот оган. Срцето, кое соодветствува со елементот оган, ѝ дава енергија на слезенката, која одговара на елементот земја. Слезенката, како орган кој му припаѓа на елементот земја, им дава енергија на белите дробови, кои соодветствуваат со елементот метал. Белите дробови, кои енергетски припаѓаат на елементот метал, им даваат енергија на бубрезите, кои имаат енергетски својства на елементот вода.
На темелот на теоријата на петте лементи, секој елемент е поврзан со друг елемент кој носи одговорност за контролирање и регулирање на протокот на енергија.
Пример: Елементот вода го контролира елементот оган. Водата го гасне огнот. Дрвото ја контролира земјата. Коренот на дрвото ја растура земјата. Елементот оган го контролира елементот метал, односно огнот може да го стопи металот. Земјата е елемент кој ја контролира водата. Базенот ја држи водата. Металот го контролира дрвото. Објаснувањето е дека секирата го сече дрвото.
Секој орган е одговорен за пружање на енергија која го регулира вишокот или недостатокот на енергија на органите со кој е поврзан во овој круг.
Пример: Белите дробови, кои по својот енергетски квалитет припаѓаат на елементот метал, го контролираат црниот дроб кој припаѓа на елементот дрво. Срцето е претставник на елементот оган и ја контролира функцијата на белите дробови кои одговараат на елементот метал. Бубрезите одговараат на елементот вода и ја контролираат работата на срцето како орган кој по својот енергетски квалитет припаѓа на елементот оган. Слезенката е оквалификувана како земјен елемент и ги контролира бубрезите кои претставуваат воден елемент. Енергетските својства на елементот дрво ги носи црниот дроб, и како таков ја контролира функцијата на слезенката како орган кој одговара на елементот земја.
Всушност, внатрешните органи играат двојна улога во одржувањето на здравјето. Едната улога се состои во создавање на енергија, а другата во регулирање на протокот на енергија. Секој орган му дава енергија на органот кој го поддржува, а истовремено го контролира дотокот на енергија во органот чија функција ја регулира.
текст: Дана Сиљан
кавер фотографија: Владислав Гавриловски
фотографија во текст: Андреа Деа
шема: Елена Ставреска