Зен приказна

Воведниот збор на Мумон во „Мумонкан“

Суштината на учењето на Буда е остварувањето на просветлувањето. Иако до него водат многу патишта, средниот пат е без помин. Па како, тогаш, се минува низ тој неминлив премин? Некои велат дека сè што минало низ тој премин не ни припаѓа нам, и дека сето она што е создадено со помош на други ќе пропадне и ќе исчезне. Таквите зборови се како бранови што се креваат без ветер или како лекови коишто се подготвуваат за здраво тело. Оној што се поткрепува на зборови и се обидува да го сфати зенот со помош на објаснувања е како тапоглавец што се обидува да ја удри месечината со стап или да си го почеша стапалото преку ѓонот на чевелот.

„Мумонкан“ (1229 г.) е класично дело на зен-будизмот. Се работи за една од најпознатите збирки на зен-коани воопшто. Во неа кинескиот зен-учител Мумон (1183 г.) со прашања и загатки го забрзува просветлувањето на своите ученици. Според некои од коментаторите на зен-будизмот, „Мумонкан“ претставува своевиден буквар на зенот.

 

 

избор на приказна: Томе Сиљаноски

фотографија: Anastasia Shuraeva: https://www.pexels.com/photo/a-person-playing-a-singing-bowl-6013481/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *