Зен Преглед

2024 – Година на Дрвениот Змеј

Годината на Дрвениот Змеј започнува на 10ти Февруари, а завршува на 25ти Јануари наредната година.
Змејот е петтиот по ред знак во зодијакот на кинескиот хороскоп и ги симболизира моќта, авторитетот, храброста, силата и успехот. Родените во знакот на Змејот се вечни ентузијасти полни со самодоверба, а и ги краси исклучителен талент и надареност во разни области. Години на Змејот се: 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012, 2024, 2036….

За родените во знакот на Змејот оваа година ќе донесе поголеми животни промени и предизвици. Плодна и успешна ќе биде за родените во знакот на Стаорецот, додека родените во знакот на Змијата ќе се соочат со семејни проблеми, а прилично стабилна година се предвидува за родените во знакот на Петелот и Мајмунот. Родените во знакот на Кучето ќе имаат година на емоционално созревање, а совет за родените во знакот на Зајакот и Тигарот е да заземат порационален став во однос на финансиите. Повеќе патување им се советува на родените во знакот на Коњот, додека родените во знакот на Козата треба да ја одржуваат дисциплината и да го почитуваат распоредот на секојдневните обврски, со цел да го зачуваат менталното здравје. Повеќе работа им се предвидува на родените во знакот на Свињата, додека пак родените во знакот на Волот треба да обрнат повеќе внимание на своето здравје, бидејќи можни се потенцијални здравствени проблеми. Совет за нив е да носат потопли бои, а да ја избегнуваат црната.

Година на Змијата: 1929,1941,1953, 1965,1977, 1989, 2001, 2013, 2025, 2037…

Година на Коњот: 1930,1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014, 2026, 2038…

Година на Козата: 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015, 2027, 2039…

Година на Мајмунот: 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016, 2028, 2040…

Година на Петелот: 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017, 2029, 2041…

Година на Кучето: 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018, 2030, 2042…

Година на Свињата: 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995,2007, 2019, 2031, 2043…

Година на Стаорецот: 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020, 2032, 2044…

Година на Волот: 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021, 2033, 2045…

Година на Тигарот: 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022, 2034, 2046…

Година на Зајакот: 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023, 2035, 2047…

 

текст: Дана Сиљан
фотографија: Thắng-Nhật Trần: https://www.pexels.com/photo/moon-over-a-traditional-chinese-dragon-shaped-roof-decoration-17581865/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *