Зен приказна

Приказна за Црниот и Белиот Змеј

Покрај едно мирно село во Кина си живееле два змеја – Бел и Црн. Белиот Змеј живеел во долината покрај селото, а Црниот Змеј покрај Црната река. Црниот Змеј почнал редовно да го напаѓа селото и да нанесува штета на селаните. Никој не можел да го скроти и да се спротивстави на неговата огромна моќ. Белиот Змеј, познат по својата добродушност, побарал совет од големиот креатор на животинската хиерархија на кинескиот зодијак, Кралот на Жадот, како да се справи со оваа невоља и да ги врати животот и хармонијата во селото. Бидејќи Белиот Змеј не поседувал толкава сила како Црниот Змеј, советот на Кралот на Жадот бил – да позајми снага и моќ од сите живи суштества, но на крајот да се оддожли за тоа. Така и сторил. Иако на Белиот Змеј не му било доволно јасно на кој начин да се оддолжи, тој насобрал сила од целата природа и тргнал во борба. Во текот на долгата, мачна битка, Белиот Змеј конечно сфатил кој е начинот да се оддолжи, а истовремено и да победи – тој морал да го жртвува својот живот. Преку неговата пожртвуваност, Црниот Змеј бил победен, а мирот и благосостојбата во селото повторно завладеале. Наравоучение: Силата и моќта се во обединувањето, сплотувањето и возвраќањето.

 

избор на приказна: Дана Сиљан
фотографија: Chen Te: https://www.pexels.com/photo/chinese-dragons-on-a-roof-of-a-temple-17063841/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *