Зен Преглед

Тао – единството на сите нешта

Тао како мајка на светот, сепроникнувачко и сеопфатно, неизменето и непрестајно, Џуанџи го именува Тадун или големото взаемно проникнување. Светот на големото проникнување е лишен од секакви квалитети и противречности. Тој е затворен, заштитен од секакво мешање на секој интелектуален процес. Во тој свет нема ниту простор, ниту време. Тој е бескраен. Џуанџи го опишува на следниов начин: „Битието не суштествува на точно востановено место. Протекувањето нема времетраење. Битие без определено место е пространство. Протекување без времетраење е време.

Има раѓање, има смрт, има појава, има задлабочување. Она преку кое влегуваме и излегуваме, без да обрнуваме внимание на неговата форма, е вратата кон небесното. Вратата кон небесното е ништото. Сите нешта доаѓаат од ништото.“ Светот на ништото е совршено слободен од ограничувања и разграничувања. Во тој случај, Ништото е Едното без спротивставеност, т.е. единството на сите нешта. Се нарекува Тао, или Великото.

 

текст: Дана Сиљан

фотографија: Владислав Гавриловски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *