Збор – два за потеклото и вежбањето со традиционалниот кинески меч Џијан.
Создаден е од извонредно вештите раце на членовите на една фамилија која живеела пред 4000 години, во времето на владеењето на Династијата Шанг. Овој челичен убавец, украсен со симболите на кинеската историја и митологија, со својата префинета елеганција и убиствена моќ бил нарекуван “Господин или џентлмен меѓу стотина војници”, а во кинескиот фолклор бил нарекуван и “Господин меѓу оружјата”.
Познат е како „Мечот на мудроста“
Најпрво бил изработуван од бронза, а потоа и од челик, соодветно со технолошкиот напредок во овој домен. Познато е дека и полудрагиот камен жад бил често користен во изработката на Џијанот. Низ кинеската воена историја прeтрпел многу трансформации во изгледот и стандардот, а некое време бил и критериум за општествениот статус. Присутен е и во симболичките прикази на некои таканаречени Бесмртни Таоисти, како на пример кај Лу Донгбин (Lü Dongbin) како и во Бодисатвата, каде е познат како „Мечот на мудроста“.
@feilongtaichi #fyp #fypシ #kungfu #martialart #martialarts #martialartswomen #taijiquan #wushu #sword #bangbang #nancysinatra #killbillmovie
При вежбањето, Џијанот станува наша продолжена рака
И новото време не останува рамнодушно на убавината на традиционалниот Џијан и неговите апликативни форми, креирани од старите кинески мајстори. Денес во рамките на вушу (кунг фу) дисциплините, неизбежни се формите со Џијан, во кои може да се ужива во високата естетизација на елементите, акробациите, но и во големата умешност да се ракува со ова ретко оружје, некогаш користено за воени цели. Додека се вежба со Џијанот добиваме чувство дека имаме продолжена рака со која контролираме во просторот, а сето тоа е проследено со совршена телесна статика.
текст: Дана Сиљан
фотографија: Лилика Стрезоска
видео: Симон Дроца